1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија бара мониторинг за Грција

Тони Гламчевски29 јуни 2012

Шефот на македонската делегација ПССЕ, Александар Николоски, на денешната (29.06) пленарна сесија побара да биде отворен дијалог со Грција за следење на нејзините обврски како членка на Советот на Европа.

https://p.dw.com/p/15O7P
Фотографија: AP

Александар Николоски во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) побара мониторинг процес за Грција со оглед на резултатите на изборите и отсуството на ратификација на значајни текстови на СЕ, како Протоколот 12 од Европската конвенција за човекови права, Рамковната конвенција за малцинските јазици, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, Конвенцијата за борба против трговија со луѓе, Социјалната повелба и Конвенцијата за борба пртив организираниот криминал и тероризмот.

Грција, според Николоски, ги игнорира и пресудите на Европскиот суд за човекови права. Николоски изјави дека Грција „не ги почитува малцинствата, тие немаат можност да го практикуваат својот јазик, да ја негуваат нивната култура и обичаи. Во извештајот на Комесарот за човекови права на СЕ Томас Хамарберг од 2011, јасно беше речено дека албанското, турското и македонското малцинство немаат никаква можност да се развиваат, бидејќи Грција не ги почитува националните малцинства. Македонското малцинство, кое живее на северот од Грција, не го ужива правото, кое теоретски треба да биде брането од Советот на Европа. Грција не ги следи нашите препораки, ниту тие на Европскиот суд за човекови права“, рече македонскиот парламентарец во Стразбур.

Евентуална одлука за отворање на мониторинг за Грција може да ја донесе соодветната Комисија на ПССЕ, ако тоа биде побарано од повеќе членови на ПССЕ.