Мадрид-обвинувања на сметка на Азнар
17 март 2004Во Мадрид синоќа беше одржана централната комеморација за жртвите од терористичките напади во железницата од 11 март,миса во нивни помен.
"Алмудена" катедралата во Мадрид беше претесна да ги прими сите кои сакаа да оддат почит на настраданите.Покрај 3 500 присутни уште илјада останаа пред вратите.
-Само неразумните,заслепени од бес и од бруталност,кои-живеат во спротивност со Господ,само тие смртта ја сметаат за клучна точка на човековата егзистенција,рече надбискупот на Мадрид,Антонио Мариа Кардинал Варела.
Истовремено во земјата се јавуваат нови обвинувања на сметка на досегашната шпанска влада.
Издавачот на весникот Ел Периодико соопшти дека досегашниот шпански премиер Хозе Мариа Азнар го повикал по нападите и го уверувал дека е надвор од секакво сомнение дека зад нападите стои ЕТА.Слични јавувања имало од соработници на Азнар ,според Форинг прес клубот, во низа странски медиуми.Министерката за надворешни работи Ана Паласио ги информирала сите амбасадори дека зад делото стои баскиската сепаратистичка организација.
Обвинувања од ваков вид има и од Германија.Според првата програма на германското радио ,надлежните од шпанските служби двапати погрешно го информирале германскиот стрчњак од Службата за борба против криминалот за видот на експлозивот употребен во нападите.Заднината очигледно била намерата да се фрли вината врз ЕТА и да се зголемат изборните шанси на Азнар.Тој беше верен сојузник на Џорџ Буш и покрај противењето на мнозинството Шпанци на војната во Ирак.