1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мадрид заплиснат во крв

11 март 2004

Повеќе од 170 загинати во серијата бомбашки напади во железницата во Мадрид

https://p.dw.com/p/AcPB
Фотографија: AP

Во серијата бомбашки напади во железницата во Мадрид според соопштението на шпанската влада загинале најмалку 173 лица,додека повеќе од 600 се повредени.Вкупно експлодирале 13 бомби поставени на железничката станица Атоха и на две помали- Санта Еугениа и Поцо.

Светот најпрво во грч дека станува збор за ново дело на Ал Каеда,но шпанските власти велат дека зад експлозиите стои баскиската сепаратистичка ЕТА.

Експлозиите одекнаа кратко пред 8 часот ,речиси истовремено на три железнички станици во Мадрид.Експлозивот бил сокриен во еден товарен воз,но и во два или три според последните информации регионални кои биле преполни со патници кои патувале кон работното место.

Од местото на несреќата поради недостаток на амбулантни возила настраданите започнаа да ги пренесуваат и такси автомобилите.Болниците упатија повик за итни донации на крв и повикаа на работа да се патува со сопствени автомобили зашто железницата и градскиот сообраќај се блокирани.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Ангел Ацебес на погодената железничка станица Атоха во Мадрид пред претставниците на медиумите изјави дека приоритет е помошта кон настраданите.Тој ги повика Шпанците на мир,подвлекувајќи:

-

Не се сомневам дека одговорните ќе бидат уапсени,дека скапо ќе го платат ова убиство.

Во прво време постоеше голема двојба дали ова не е дело на терористичката мрежа на Ал Каеда,стравот од серија натамошни атентати за момент ги оптовари светските финансиски берзи

.

Но шпанските власти исклучија можност дека убијците се исламски терористи.Тие се убедени дека зад експлозијата стои сепаратистичката баскиска организација ЕТА.Последниве години оваа организација атентатите по правило ги извршуваше врз политичари,полицајци и воени лица.Напади во кои би биле погодени и невини лица беа претходно најавувани телефонски,што овојпат не се случи.

Министерката за надворешни работи на Шпанија Ана Паласио изјави:

-

ЕТА има многу јасен шаблон на своите актив -ности а ние имаме долго искуство со неа.Не е потврдено дека ЕТА стои зад овој терористички напад,но тој носи нејзин печат.За тоа имаме и информации преку министерството за внатрешни работи.

И дел од шпанските експерти се на тоа мислење.Според експертот за тероризам и уредник во Ел Паис Хозе Луис Барбериа,овој напад носи белег на ЕТА но и укажува на нејзина слабост.За ЕТА сега е многу полесно да изврши атентат врз непознат број цивилни лица отколку врз претставници на шпанската држава,вели авторот на книга за оваа организација.

Забранетата баскиска партија Батасуна која важи за политички претставник на ЕТА ,денеска ги осуди нападите и отфрли одговорност за нив.Партискиот шеф Арналдо Ортеги е дециден дека ЕТА нема врска со овој настан.Претставници на Батасуна во Франција и натаму зборуваат за

можност од исламски атентати.

Нападите инаку се случуваат на само неколку дена од парламентарните избори закажани на викендот.Сите политички партии како реакција на трагичниот настан соопштија дека ги суспендираат сите активности од изборната кампања.