МААЕ: Иран ја забрзува атомската програма
25 февруари 2012Техеран сега произведува околу 14 килограми облагороден ураниум (на 20 проценти) месечно. Облагородување на 20 проценти е важен чекор кон подоцнежно облагородување на 90 проценти, неопходно за атомска бомба. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано во новиот извештај повторува дека агенцијата е сериозно загрижена поради можната воена димензија на иранската атомска програма. Иран соопшти дека е подготвен на натамошна соработка со МААЕ за да докаже дека атомската програма има мирновременски карактер.
Американската влада по објавувањето на новиот извештај на МААЕ изрази загриженост и соопшти дека извештајот покажува оти Иран ги прекршува резолуциите на ОН. И Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон искажа загриженост. Земјата мора да придонесе за расчистување на сомнежите, нагласи таа.
Автор: ЕМФ/ртр/дв
Редактор: Александар Методијев