1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луѓе како изложбени експонати

Елке Шваб/ Александра Трајковска 11 мај 2012

Кореографот Вили Дорнер девет години е на турнеја низ светот. Неговиот проект се вика „Тела во урбаниот простор“. Зад него се кријат живи експонати меѓу архитектонските градби.

https://p.dw.com/p/14pXx
Фотографија: MEHR

Скулптури од човечки тела, прилагодени на градското опкружување, тое е проектот на австрискиот кореограф Вили Дорнер наречен „Bodies in Urban Spaces“, „Тела во урбаниот простор“. „Ги канам луѓето преку оваа работа да го пресретнат нивниот град, повторно да видат, да одвојат време, да го разгледаат градот и да го анализираат за себе“.

Во Линц, Австрија патот со пречки минува среде градот. Овој пат е долг два километри. Вили Дорнер насекаде ги постави неговите склуптури.

На пример зад камерата за набљудување, во мртвиот агол каде камерата не може да снима.

Überwachungskameras auf dem Bahnhof
Во мртвиот агол, зад камерата за набљудување, се крие еден експонатФотографија: picture-alliance/ dpa

Тела на места, кои во секојдневието воошто не се перципираат. Вили Дорнер токму тој аспект го поставува во центарот на вниманието. Притоа наметнува прашања за односот меѓу луѓето и архитектурата.

„Телото е многу флексибилно, тоа го утврдив преку оваа работа. Но токму оваа ситуација е многу интересна. Оваа органска форма спрема цврстата архитектонска форма. Значи тоа е нешто што делува, што се гледа, што се чувствува“, подвлекува Дорнер.

Неочекувани, понекогаш апсурдни форми, секогаш за само неколку минути. Случајните минувачи во Линц се воодушевени:

Супер, навистина убаво, забавно да се гледа, и веројатно не може да се помине покрај, а да не се види ова тело“.

„Генијално, и тоа при вакво време, се потиш и да постигнуваш вакво нешто, бидејќи кај некои се гледа како се затегнати мускулите, навистина се гледа како треперат“.

„Се гледаат агли, кои претходно воопшто не се земаат в предвид или не им се посветило внимание“, велат граѓаните.

Ништо не е импровизирано

Недели пред да се одржи некоја манифестација, Вили Дорнер ја одбира патеката во секој град и ги планира формите на склутпурите. „Секогаш ги тестирам и меѓупросторите, меѓу шипката и ѕидот и гледам за колку тела таму има простор, значи тоа е основната идеја на овој проект. Но започнав, да ги поставувам телата како знаци, човечки знаци, графити во градскиот простор“, вели Дорнер.

Идејата за проектот кај кореографот се роди пред девет години. Оттогаш со него е на турнеја низ светот.

Кастингот на учесниците се врши на лице место. Најчесто учесниците се танчери, понекогаш спортисти или циркузанти.

Kunst auf der Strasse
Танчери и спортисти учествуваат во проектот на Вили ДорнерФотографија: DW

Во Линц има 17 учесници, кои постојано мора да заземаат нови позиции. Кои фигури ќе се изведат, зависи од телесната состојба и кондицијата на учесниците.

„Ново за мене е овие позиции да може да се издржат доволно долго и претходно кога ќе се заземе една позиција и да се одржи. Оти кога еднаш ќе се влезе, не може да се излезе“, смета спортистот Карос Александрос.

Студентката по модерен танц, Ана Рајтбауер пак подвлекува: „Автоматски се добива увид, кога одите низ градот, тогаш ќе помислите таму ќе ме собере, а таму исто така може некој да се закачи, едноставно се развива чувство за тоа“.

Кога учесниците исцрпени го собираат аплаусот од минувачите, Вили Дорнер најчесто е веќе на друго место и го подготвува наредното инсценирање на тела во урбаниот простор.