Лулката на џезот по Катрина
19 септември 2005Францускиот кварт во историскиот дел на Њу Орлеанс , остана главно неоштетен. Куќите во тој кварт , за разлика од останатите делови на градот , не се изградени на земјиште под морското ниво. И музејот на современа уметност во Њу Орлеанс остана недопрен и покрај сиот хаос кој настана за време и по ураганот Катрина. Конечно тоа е така пред се поради храбороста на некои службеници од тој музеј. Директорот на музејот Џон Булард вели:
„Шест мои луѓе изразија подготвеност да останат овде. Тие за време на ураганот дури и останаа во таа зграда стара 100 години. И кога со нив се слушнавме по телефон во понеделникот, ни рекоа дека музејот ја издржал бурата. Кровот останал неоштетен , прозорците не се искршени, а ниту подрумите во кои се наоѓаат уметничките вредности не се поплавени . за жал припадниците на националната гарда ги присилија моите луѓе да ја напуштат зградата . Оттогаш таму стражари приватна служба за безбедност , бидејќи мораме да се осигураме од можни грабежи“
Во вредностите на тој музеј се вбројуваат и сликите на Едвард Дега , кој во Њу Орлеанс живеел некое време непосредно по сецесионистичката граѓанска војна во САД.
Меѓутоа во беснеењето на ураганот лошо мина библиотеката во гратчето Билокси во државата Мисисипи , посветена на Џеферсон Дејвис , водачот на сецесионистичкото движење во јужните американски држави. Конзерваторот на музејот Кен Пул за тоа вели:
„Двата павиљона во кои се конакот и старата библиотека , целосно се разурнати . Од нив не остана ништо. Главаната зграда издржа но тешко е оштетена . за вистинско чудо , на ѕидовите висат сите портрети“
Њу Орлеанс од секогаш беше и единствен карневалски центар. Градот е познат по својата музика , по ноќните барови , клубовите , по џез сцената. Еден од најпознатите клубови во срцето на стариот град „Типтинас“ во секој случај ќе продолжи да работи:
Директорот на музичката програма на клубот Адам Снајпли вели:
„Се надевам дека бог ќе помогне карневалот Марди Грас и натаму да се одржува овде. Прашање е дали сето тоа ќе биде возможно. Се надевам дека ќе успееме да го обновиме и фестивалот на џезот. Тоа би било супер, а и добра можност за манофестации во добротворни цели. Но во моментов се работи за голо преживувањењ и отстранување на штетите . А тогаш ќе видиме како ќе одиме натаму“