1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лоја Џирга го одобри договорот со Американците

ЖА/дв/дпа/афп24 ноември 2013

Советот на авганистанските племенски старешини, Лоја Џирга, го изгласа спорниот Договор за безбедноста со САД, кој го регулира статусот на американските трупи по завршувањето на воената мисија, на крајот на 2014. година

https://p.dw.com/p/1ANCD
Фотографија: Massoud Hossaini/AFP/Getty Images

Старешините го повикаа авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да го стави својот потпис на договорот за безбедност меѓу Авганистан и САД што е можно поскоро, откако Лоја Џирга, по четиридневна дебата, го одобри.

Но Карзаи пред неколку дена ја најави намерата привремено да го одложи потпишувањето, па дури и даде навестување дека сака неговиот наследник на претседателската функција да го стави потписот под документот.

Изборите за претседател на Авганистан се закажани за 5 април. Американската влада напротив инсистира на темпо: таа сака уште до крајот на иднината да има јасна ситуација и во спротивно се заканува со повлекување на значителен број трупи.

Спогодбата ќе им дозволи на илјадници американски војници од сега присутните 75 илјади да останат во Авганистан и по планираното повлекување на силите на НАТО, на крајот на 2014. година. Тие ќе обучуваат авганистански војници и ќе набљудуваат како тие ја водат борбата со талибанците. За возврат, САД бараат за своите војници правен имунитет пред домашните судови.

На собранието на старешините учествуваа 2.500 лица. Одлуките на Лоја џирга не се обврзувачки, но зборот на племенските старешини има толкава тежина, што Карзаи речиси не може да му се спротистави. По Лоја Џирга, Договорот со САД треба да го ратификува и парламентот, по што треба да го потпишат американскиот претседател Барак Обама и авганистанскиот, Хамид Карзаи.