Лондон – терористи – обвиненија
7 јули 2007Реклама
Една недела по неуспешните обиди за терористички напади во Лондон, подигнато е првото обвинение против еден од осумте осомничени учесници во нив. Лекарот Билал Абдула, по потекло од Ирак, е обвинет за учество во заговор за изведување терористички напади. 27-годишниот Ирачанец треба денеска да биде изведен пред суд. Тој беше уапсен минатата недела на аеродромот во Глазгов, како совозач во џипот што изгоре на паркингот пред аеродромската зграда.