Лондон – терористи – обвиненија
7 јули 2007Реклама
Една недела по неуспешните терористички напади во Лондон, поднесена е првата тужба за еден од осумте осомничени учесници во нападите. Против медицинското лице Билал Абдула по потекло од Ирак подигнато е обвинение за учество во заговор за изведување терористички напади. 27-годишниот Ирачанец треба денеска да биде изведен пред суд. Тој беше уапсен минатата недела на аеродромот во Глазгов, како совозач во џипот што изгоре на паркингот пред аеродромската зграда.