1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондонската берза останува британска

9 март 2005

Лондонската берза и натаму останува независна. Одбиена е понудата за преземање од страна на германската берза во Франкфурт што се случува по вторпат во псоелдните пет години. Не беше постигнат договор ниту за цената, ниту за таканаречените услови за преземање иако Германците направија цела низа отстапки:

https://p.dw.com/p/AePE

Во изминатите месеци шефот на Германската берза, Вернер Зајферт кај Британците се обидуваше со редовна офанзива на шарм, нудејќи и на шефицата на Лондонската берза Клара Фурзе место во управниот одбор. Исто така, прифати англискиот јазик да биде воведен и на германската берза, па дури го остави отворено и прашањето за тоа каде да се наоѓа новото седиште на фузионираната фирма. Сето тоа залудно. Познавачите на браншата се изненадени од одбивањето. На пример професорот по банкарство Волфганг Герке кој смета дека фузионирањето има целосен резон:

„Во секој случај сето тоа има смисла за Европа. Секако е атрактивно да се понуди заеднички пазар на капитал и заедничка платформа за дејствување со што се постигнува меѓународна ликвидност. Премијата е многу висока, па е разбирливо што и противниците се засилија„.

Дилот засега пропадна од најмалку две причини. Прво поради парите: германската берза понуди две милијарди евра што очигледно не беше доволно за менаџерите на лондонската берза. Освен тоа, германската берза мораше да војува и против отпорот во сопствените редови. Герке нагласува:

„Една група повеќе беше ориентирана кон засилување на германскиот финансиски простор, односно група ориентирана кон долгорочност. Кај другата повеќе стануваше збор за прашањето: што ќе ни ги врати парите. Станува збор за таканаречените Хедге фондови, значи инвеститори оринетирани кон краткорочни резултати кои отидоа до таму што се закануваа дека ќе го преизберат управниот одбор и менаџерите„.

Во последните недели во офанзива посебно тргнаа фондовите „Аткус„ и ТЦИ„. Тие сакаа Германската берза резервите во готови пари да ги префли врз акционерите, место да ги употреби за преземањето. Освен тоа, бараа оставка на шефот на германската берза Зајферт, како и на шефот на управниот отпор Ролф Броер. По сето ова, дилот засега е замрзнат, иако не и целосно откажан. Германската берза јави дека останала подотворен уште една вратичка. Ако се појави конкурент со понуда за преземање, битката ќе продолжи. За главен конкурент се смета берзата на четири држави Евронекст која во декември искажа интерес за лондонската берза. Волфганг Герке смета дека е сосема можен нов настап на Германската берза, но зголемување на понудата доаѓа предвид само во краен случај, зашто и лондонската берза има свои слабости:

„Мислам дека Лондон го преспа времето токму во рамките на синџирот трансакции. Не е добро пласирана како Франкфурт и може да се каже дека курсот на лондонската берза значително опадна, па не е оправдано да се бара повеќе од можното„.

Во секој случај, преземањето пропадна најмногу поради отпорот на Лондон. Британците страхуваат дека Фракфурт ќе добие преголемо влијание.