1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондонската берза за нафта

17 август 2004

Сите берзи во светот имаат свои специфики, па така и лондонската берза за нафта. Се изведуваат знаци што ги нема на друго место и секој од нив значи многу конкретна операција.

https://p.dw.com/p/AeQS
Нафтен извор во Венецуела
Нафтен извор во ВенецуелаФотографија: AP

Лондонската нафтена берза е единствената во светот на која брокерите неказнето смеат да покажат “птица“. Кога еден на друг ќе му покаже “птица“, тогаш овој вториов се радува. Тогаш тој прави уште една зделка. Ако со показалецот го допре челото тоа е знак дека купува уште десет единици нафта. Рос Муди со години ја посматра лондонската нафтена берза:

“Начинот на кој се одвива работата на берзата е многу едноставен. Се одвива со повик или со помош на еден вид аукција“.

Тоа значи дека секој што ќе повика 60 брокери, вреска и покажува знаци. Знаците се кодови. Прст на челото значи: купувам десет единици нафта. Прст на брадата: купувам една единица. Отворена дланка кон надвор и мафтање низ воздухот: купувам 50 единици:

“Довикувањето или аукцијата значат дека секој брокер што има задача да куппи за неговиот клиент или за своето конто, тој повик треба да му го упати на трговецот, а тој потоа ќе каже колку единици сака да купи, за кој месец и по која цена“.

Значи, на една страна се брокерите кои сакаат да купат нафта, на другата брокерите кои сакаат да продадат. Понуда и побарувачка на мал простор. Трговците имено, се набиени како сардини еден до друг и вреват. Иако сите го прават тоа истовремено никој не го губи прегледот на ситуацијата. За да се разликуваат, секој брокер носи јакна во боја:

“Ако имам зелена јакна, тогаш работам за Рифко. Ако носам синосребрена, тогаш работам за Трафалгар комодитис, црвено-бела во пруги е за самостојните. Тоа е така за да можат да се разликуваат, зашто во турканиците тешко би се распознало кој со кого тргува“.

А, на лондонската берза се тргува многу, имено две третини од вкупниот светски пазар на нафта. Тоа се скоро 3 ипол до 4 ипол милиони тони нафта дневно. Или поинаку кажано, преку 100 милиони тони барели. Тоа е повеќе од сето светско производство. Како е можно? Едноставно, тука се тргува и со таканаречаната иднина. Тоа се договори за нафта што ќе се реализираат во иднина. Во овие денови пазарот е напнат зашто побарувачката ја определува цената веќе со недели:

“Во моментов ние во Лондон и во Њујорк имаме највисоки цени. Има повеќе причини: пред се имаме огромна побарувачка од азиските земји. Капацитетите во Европа и САД се пренапрегнати, зашто постои побарувачка за рафинирана, а не за сурова нафта, што подразбира рафинериите да се оптоварат не со 95, туку со 100 насто, што не е возможно“.

Значи, берзата работи натаму со полна пареа, дневно се достигнуваат рекордни цени, а брокерите си ја вршат работата. Берзата затвора дури во 22 часот. Дотогаш брокерите ќе покажат една или друга "птица". Зашто знаат: на паркетот на нафтената берза прстот на челото значи: сакам од тебе да купам десет тони нафта.