1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Локалните избори закажани за 24 март

БГ/миа11 јануари 2013

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ги распиша локалните избори што ќе се одржат на 24 март. Учеството на опозицијата неизвесно. ЕУ и САД повикуваат на дијалог.

https://p.dw.com/p/17I1i
Фотографија: AP

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски денеска (11.01) согласно роковите утврдени во Изборниот законик го потпиша Решението за распишување избори на членови на советите на општините и Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје.

Законските одредби предвидуваат локалните избори да се одржат во втората половина на месец март, а во законскиот рок од 70 до 90 дена на располагање биле два термини, првиот е 24 март, а вториот 31 март, но бидејќи на 31 март е голем верски празник Велигден за граѓаните од католичка вероисповед спикерот одлучил локалните избори да ги закаже на 24 март.

Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите. Претседателот на Собранието во денешната куса изјави ги повика сите учесници во изборниот процес своето однесување и своите постапки да ги раководат и усогласат исклучиво со одредбите од Уставот и законите на најдостоинствен начин што, според него, ќе овозможи континуитет во добивањето на најпозитивни оценки за спроведување на овој исклучително значаен процес.

Trajko Veljanovski, Maz. Parlamentspräsident, Skopje, Mazedonien, 11.01.2008
Трајко ВељаноскиФотографија: DW/MIA

САД и ЕУ повикуваат на дијалог

Учеството на опозициските партии обединети околу СДСМ на изборите е неизвесно откако од овој блок поставија серија услови за нормализација на политичкиот живот во земјата, нивно враќање во парламентот по насилствата од 24 декември и учество на изборите.

Шефовите на мисиите на Европската унија и Соединетите Американски Држави денеска преку заедничко соопштение повикаа Владата да ги преземе сите чекори за повторно воспоставување на политичкиот дијалог и ја охрабрија опозицијата да се врати во парламентот.

Од СДСМ ги повикаа ЕУ и САД да ги осудат настаните од 24 декември во парламентот „наместо да ги игнорираат“.