1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Локализиран пожарот во Дубровник, изгаснати и пожарите во Македонија

6 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BRU3

Локализиран е пожарот којшто ја зафати околината и дел од градот Дубровник, соопштија денеска властите. Според нив спречено е натамошно ширење на огнената стихија, но на пожарникарите ќе им бидат потребни уште неколку дена за целосно да го изгаснат пламенот. Во директна опасност од пожарите биле 20 000 лица, но за среќа нема настрадани.

И пожарите во Македонија се целосно изгаснати, соошпти денеска Центарот за справување со кризи. Покрај интеревенцијата на надлежните служби кон гаснењето придонел и дождот кој ја зафати земјата во изминативе 24 часа.