1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Логистика на Олимпијадата

13 август 2004

Големите спортски настани како олимпсиките игри се ѕвездени моменти: не само за амбициозните спортисти кои сонуваат за победи или за елитните спортски функционери кои сакаат да уживаат во светлината на рефлекторите, туку и дискретните логистички фирми кои зад кулисите мораат да се грижат се да се одива под конец.

https://p.dw.com/p/AeQT

Ако добро ја завршат работата, малку кој им оддава признание. Ако нешто тргне наопаку, тогаш не им гинат прекори. Годинава, Шенкер, фирма посестрима на греманските железници, се грижи за тоа на олимпијадата навреме да стигнат коњите, чамците и компјутерите.

“Златна треска“, “Ноќна птица“ или “Ченто“ се три од вкупно преку 200 коњи од светска класа кои деновиве патуваат од аеродромот Минстер-Оснабрик кон Атина. Доаѓаат од вкупно 32 земји како САД, Бразил или Нов Зеланд и на Олимпсиките игри во Атина ќе се бијат за медали. Одговорен за транспортот е логистичкиот концерн Шенкер, фирма посестрима на Дојче бан. Таа е одговорна за логистиката на игрите во Атина. До Грција треба да се однесат вкупно 6 илјади тони, вели Томас Арванитис од олимпискиот тим менаџери на Шенкер:

“Се на се ги транспортираме спротските реквизити и опрема на националните олимписки комитети. Како што стојат сега работите во олимпиското село веќе сме префрлиле 75 до 80 насто од материјалот“.

Шенкер беше одгворен за транспортот уште на олимписките игри во Минхен во 1972 година, потоа и за Сиднеј 2000. Таму на пример, беше лиферуван комплетен стадион за одбојка на плажа. Тоа не се нормални нарачки, вели Арванитис:

“Посебно важен фактор е времето. Сите сакаат се да биде навреме – ни порано, ни подоцна. Мора да се биде многу флексибилен ако нешто се случи“.

А, нешто може да тргне и наопаку. Така се покажа дека тесно грло е пристаништето во Пиреја. Толку бавно се истоварува што фирмата Шенкер повремено мораше да ги користи италијанските пристаништа. И доцнењето на изградбата на стадионот му го загорчи животот на концернот, тврди Арванитис. Меѓутоа, најголем проблем е распосланоста на борилиштата во радиус од околу 70 километри. Долг пат кој со оглед и на хаотичниот сообраќај во Атина често придонесуваше за застои. Меѓутоа, Шенкер сето однапред го испланира за навреме да ги префрли едрениците, компјутерите или телевизиските камери.

“Почнавме пред две ипол години да ги разгледуваме сите потреби модул по модул. На располагање имаме тим од 70 локални и меѓунардни експерти“.

Првата голема проба за Арванитис е церемонијата на отворањето на 13 август. Сета електронска опрема е веќе донесена:

“Кога церемонијата на отворањето ќе биде завршена, ќе можеме полека, полека длабоко да здивнеме“.