1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лобирањето е потребно, но мора да биде фер

31 март 2004

На тема лобирање духовите се поделени. Едни застапувањето на сопствените интереси го сметаат за сосема легитимно, други тоа го осудуваат како недозволено мешање во политиката на товар на други интересни групи

https://p.dw.com/p/AeRk

Она што на национално ниво води до конфликти, на европско ниво има уште поголеми димензии. Околу 15 илјади лобисти се туркаат во Брисел околу 25-те илјади службеници и политичари во Комисијата, Парламентот и министерскиот совет. На оваа тема Јулија Елверс зарговараше со еден лобист и со еден политичар:

Дневно илјадници лобисти трчаат низ ходниците на институциите на Европската унија во Брисел за да влијаат врз пратениците во полза на сопствените фирми или организации. Еден од нив е Хланѓанецот Рожие Хорус, мегафон на европската керамичка индустрија. Истовремено тој е и претседател на “Друштвото за професионлани прашања на Европа“. Ова друштво има намера да ја подобри комуникацијата меѓу службениците на Европската унија и лобистите. Може да се каже “лобирање за лобистите“. Без тоа во Брисел не врви ништо смета Рожие Хорус:

“На политичарите им се потребни нашите информации за да знаат дали нивните предлози се во ред. Освен тоа, преземаат и сопствени иницијативи за да ја прашаат индустријата за нејзините ставови. Значи не секогаш јас тропам на вратите, туку во многу случаи ние сме прашани што мислиме за некое прашање“?

Сосема поинаку на ова гледа Ханс Петер Мартин. Вонпартискиот член на Европскиот парламент неодамна поради спор поради примањата на пратениците, беше исклучен од социјалдемократската фракција. Во одборот за индустрија тој на тема лобирање поднесе извештај во кој бара повеќе транспарентност во одност кон претставниицте на различни интереси. За Мартин лобирањето , пред се на големите концерни, претставува "црвена шамија", како што вели. Тој бара лобистите во иднина да носат добро видливи пропусници за политичарите да можат полесно да ги препознаваат и во случај на потреба да ги избегнуваат.:

“Мојата критика овде во Брисел на тема лобирање е дека лобистите се на власт. Тие многу вешто од заднина, интервенираат пред воопшто нешто да се најде на хартија. Профитираат од тоа што овде има многу погрешни луѓе на важни места. Обете групи радо си ја предаваат работатат, а има и многу пратеници кои се удираат в гради што лобистите им ја презеле работата за да пишуваат барања за промени“.

За ова се одговорни политичарите, а не лобистите кои добро работат, контрира Хорус. Тој сепак признава дека некои лобисти не се однесуваат коректно и и наштетуваат на својата професионална група. Затоа неговото друштво за своите 100 членови состави кодекс на однесување:

“Во нашиот кодекс на пример, пишува дека е задолжително да се соопшти кои интереси се застапуваат кога се лобира во Комисијата или во Парламентот, зашто често се игра двојна игра, на пример: ние сме застапници на анти-тутунското лоби и сакаме да слушнеме што мислат за тоа политичарите и дали можете да ни помогнете на тој и тој начин, за потоа да се покаже дека всушност тие се претставници на тутунската индустрија“!

Ваквиот однос друштвото има намера да го спречи и во такви случаи таквите валкани играчи да ги исфрли од друштвото. Од друга страна Ханс Петер Мартин во лобирањето гледа и добри страни:

“Сериозно, стручно подготвено лобирање е добро. Моќе да се добие помош, на пример од Гринпис, но и од големата индустрија. Зошто не? Порблемот се појавува тогаш кога лобистот настапува во заднината и речиси станува народен застапник“.

Тоа сака да биде спречено и Рожие Хорус. Но, не случајно смета дека на политичарите им се потребни лобистите:

“... за да биде јасно што се случува во различните групи во рамките на друштвото. Секако дека лобистите не се решавачки во таквите процедури. На крајот политичарите ќе мораат да кажат: О.Кеј. Ги прашав и ги слушнав сите групи што се заинтересирани за некоја тема и сега јас и моите колеги решаваме на политичко ниво“.

Тешко е само кога обете улоги се во една личност. На пример, Елмар Брок, е член на фракцијата на Европската народна партија и истовремено потпретседател на Медија Дивелопмент на групата Бертелсман. Ханс Петер Мартин упатува апел до сите пратеници:

“Станува збор за чистотата на парламентот и на сите европски институции. На нашите избирачи и на луѓето што не плаќаат, значи даночните обврзници, секогаш треба да им гледаме во очите за она што го правиме“.