1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лиу Шиа во куќен притвор

11 октомври 2010

Сопругата на кинескиот дисидент Лиу Шиаобо, кој минатата недела ја доби Нобеловата награда за мир, е ставена во куќен притвор, соопштија организациите за заштита на човековите права.

https://p.dw.com/p/Patf
Лиу ШиаФотографија: AP

Против Лиу Шиа, сопругата на годинешниот носител на Нобеловата награда за мир, Лиу Шиаобо, не е подигнато никакво обвинение, но не смее да го напушта станот, соопшти американската организација „Фридм нау“.

Претходно, Лиу Шиа го посети својот сопруг во затворот на 500 километри од Пекинг. 54-годишниот дисидент Лиу Шиаобо е главен иницијатор за Повелбата 08, манифест кој бара воведување поголема демократија и почитување на човековите права во Кина. Владата во Пекинг со лутина реагираше на одлуката на Нобеловиот комитет највисокото признание за мир за 2010 година да му го додели на Лиу, кого го нарече „криминалец“.

Претседателот на германскиот парламент Норберт Ламерт побара од Кина да го ослободи затворениот борец за човекови права, укажувајќи дека Пекинг треба да ја прими пораката поврзана со Нобеловата награда.

Автор: ЖА/ БГ/ дв

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема