1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Литванија ќе се бори Македонија да добие датум за преговори

БГ/миа/дв10 јули 2013

Нашата солидарност кон земјата, говорам национално, но и како претседателство со Унијата и симпатија се големи и ние правиме најдобро што можеме да го олесниме процесот, рече шефот на дипломатијата Линкевичиус

https://p.dw.com/p/195D8
Фотографија: AP

Министерот за надворешни работи на Литванија и претседавач со Советот за општи работи (ГАК) на Европската унија, Линас Линкевичиус, денеска од Брисел со порака дека неговата земја и тој лично ќе се борат за тоа Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ на Самитот на Европскиот совет во декември.

„Пред неколку дена се сретнав со македонскиот премиер Никола Груевски во Вилнус и со него имавме многу интересен состанок. Заедно минавме низ агендата што ќе ја имаме и јас му реков дека Литванија ја поддржуваше вашата земја и за време на интеграцијата во НАТО и искрено говорејќи ние сме во ист тим, ако се сеќавате на Вилнус-групата на земји што се договоривме заедно до се интегрираме во Северно-атлантската алијанса, при што досега за жал остана надвор само надвор од оваа слика. Нашата солидарност кон земјата, говорам национално, но и како претседателство со Унијата и симпатија се големи и ние правиме

најдобро што можеме да го олесниме процесот, да помогнеме“, истакна Линкевичиус.

Запрашан дали Литванија ќе успее да ја истурка Македонија на Самитот на ЕС во декември и да не дозволи да се стави македонското прашање под тепих, како што тоа го направи Ирска минатиот месец, Линкевичиус со конкретен одговор:

„Сите сакаме да видиме, најпрво Европската комиси да ја повтори препоракат за отворање на преговорите за членство, а ние знаеме што треба да се стори, а и вашата земја знае што треба да направи во оваа насока. По политичката криза во Македонија, беше постигнат договорот од 1 март и многу важно е сега истиот да се имплементира, за што гледаме дека има движења, Комитетот за истрага на собраниските настани е составен, но долги се роковите за негови одлуки. Тоа е она што вашата земја треба да испорача“, посочува Линкевичиус.

На 1. јули годинава Литванија го презема претседавањето со ЕУ. При претставувањето на приоритетите на земјата, претседателка Далија Грибаускаите потенцираше дека нејзината земја е заинтересирана за процесот на проширувањето, но акцентот го стави на источно-европските земји од поранешниот Советски блок.