Лидерска средба во Скопје
31 октомври 2007Извештајот на Европската комисија за македонскиот курс кон Унијата, испраќа предупредувачки пораки за забавените реформи во Македонија. Амбасадорот Ерван Фуере, на владеачките лидери синоќа им ги соопштил последните критики за судските реформи, партизираната администрација, дискунтинуитетот во евро секторот на владата.
Евродипломатот побарал од Тачи, Ахмети и Шеќеринска, како претходно и од премиерот Груевски, извештајот на Европската комисија да се коментира во дневно - полтичко - партиски конфронтации во државата. Напротив на владеачките политичари им сугерирал меѓусебен ефикасен дијалог.
Сепак нивната претпладневна лидерска средба е неколмпетна. Отсуден е челникот на ДУИ Али Ахмети. Опозициските Интегративци се незадоволни зошто на днешната средба не се поставени предходно иницираните барања од ДУИ - Дебата за законот за јазик пред новиот деловник, социјална помиош за припадниците на ОНА. Со вакво образоложение Ахмети вчера го откажал учествотот. Повратните информации од премиерот Груевски биле содржани во одговорот дека барањата на ДУИ можат и денеска да се стават на агендата на средбата.
На лидерската средба би требало да се разговара за изборот де државен обвинител и идниот собраниски деловник. Сепак најновата одлука на Уставниот суд за суспендирање на пошироката примена на албанското знаме во етнички мешаните општини стана случај со правно – политички последици. Оставки поднесоа претседателот и судијата на Уставниот суд, Јусуфи и Положани. „ Нивните одлуки веќе не не се кредибилни за граѓаните на Република Македонија. Се надевам дека политичките партии поготово главните политичкли партии што го сочинуваат парламентот ќе успеат да го најдат најдобриот пат да се излезе од оваа кириза.“ рече Тачи.
„ Да не дозволиме, ваквата одлука на Уставниот суд повторно да ни ја отвори пандорината кутуија на влошени меѓуетнички односи“ рече шефот на СДСМ Радмила Шеќеринска.
Во политчкиот живот важна вест е завршувањето на истражната постапка пред анкетната комисија за парламентарните инциденти кон крајот на септември. Заклучоците допрва ќе бидат соопштени.