1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лига на шампионите: збогување од актуелниот првак Барселона

7 март 2007

Ливерпул, Челзи, Рома и Валенсија синоќа се пласираа во четвртфиналето на лигата на шампионите, додека вечер се играат преостанатите натпревари од осминафиналето:

https://p.dw.com/p/AegW
Вечерва се игра вториот натпревар Баерн против Реал
Вечерва се игра вториот натпревар Баерн против РеалФотографија: AP

Актуелниот шампион на Европа, Барселона го победи Ливерпул на гости, но не успеа да го надополни минусот од првиот меч кога пред својата публика загуби со 2 спрема 1.

Челзи по нерешниот резултат од 1 спрема 1 во Порто, во реваншот очекувано ја искористи предноста на домашниот тенер и победи со 2 спрема 1. Решавачкиот гол го постигна германскиот репрезентативец во дресот на лондонскиот клуб, Михаел Балак.

Рома го направи најголемото изненадување. По нерешените 0 спрема 0 во Рим, Лион ги имаше сите шанси за пласман во четрвтфиналето. Но, сепак победи Рома со 2 спрема 0. Водечкиот во италијанскиот шампионат Интер е запрен во Валеснија иако не загуби ниту еден натпревар. Во првиот меч дома 2 спрема 2, синоќа во реваншот без голови, па Шпанците одат натаму благодарение на головите на гости.

Вечар во реваншите од осминафиналето се среќаваат: Арсенал против Ајндхофен, Манчестер Јунајтед – Лил, Баерн – Реал Мадрид и Милан – Селтик. Баварците треба да го анулираат поразот во Мадрид од 3 спрема 2, ако сакаат да се најдат во четрвтфиналето.