Ливерпул првиот финалист во Лигата на шампионите
2 мај 2007Екипата на Ливерпул во изведувањето пенали го совлада фаворизираниот лондонски клуб Челси со четири спрема еден, откако натпреварот и по продолжението заврши еден спрема нула во полза на домаќинот. Бидејќи во првиот натпревар Челзи победи со истиот резултат, победникот се решаваше од белата точка на Анфилд Роуд стадионот на Ливерпул. За пласманот во финалетото тимот на Ливерпул најмногу треба да му благодари на голманот Хозе Реина кој одбрани два пенала.
Задоволен беше и тренерот Рафаел Бенитез „Денеска знаат како е да се победи Челзи. Играа страствено, мислам дека играа одлучно, со срце. Исто така се обидовме и делови од натпреварот да ги одиграме интелигентно, но понекогаш беше тешко оти навистина се добар тим. Сепак јас сум навистина горд на своите играчи.” изјави Бенитез
Но не само Бенитез, од своите играчи беше задоволен и тренерот на Челзи, Хозе Мурињо „Видов ентузијастичка атмосфера, но видов и тим во сино кој играше за да обеди. Видов тим во сино без проблеми да игра. Тие имаа кратки добри периоди во првотот полувреме, а потоа подобриот тим беше тимот во сино.” изјави Мурињо
Противникот на Ливерпул за финалетот на 23 мај во Атина ќе биде решен вечерва на стадионот Џузепе Меаца во Милано меѓу екипите на Манчестер и Милан.