1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либија тоне во хаос и насилство

5 март 2011

Насилството во Либија продолжува. Земјата паѓа во се’ поголем хаос. Очевидците информираат за голем број загинати во новите борби и саботажи. Европските земји испраќаат хуманитарна помош.

https://p.dw.com/p/10TuE
Фотографија: AP

Во борбите меѓу трупите верни на Моамер ел Гадафи и бунтовниците во градот Ал Сафија, според агенцијата Ројтерс убени биле 30 луѓе, според други извори и до 50 луѓе. Со денови либиските единици се обидуваат да го стават градот под своја контрола. Портпарол на бунтовниците информираше дека целно било стрелано во цивили. Меѓутоа и покрај жестоките борби на трупите на Гадафи не им успеало да го заземат градот. Се вели дека Херша, предградие на Ал Савија, е во рацете на владините единици. Државната телевизија пренесе информација дека елитните единици го контролираат регионот Ал Савија, меѓутоа таа е непроверена.

Libyen / Rebell / Ras Lanuf
Фотографија: AP

Во Триполи по вчерашната петочна молитва беа одржани демонстрации на кои учествувале повеќе илјади луѓе. Против нив владините трупи примениле брутална сила. Очевидци информираат дека полицијата употребила солзавец и отворила оган. На околу 130 странски новинари им беше забрането да информираат за протестите, властите им се заканиле со казни доколку го напуштат хотелот. Тешки борби се воделе и на истокот на земјата, каде најверојатно исто така има голем број жртви. Во близина на градот Бенгази во текот на ноќта експлодираше депо со муниција, но засега не може да утврди дали станува збор за саботажа или за несоодветно чување на муницијата.

Помош за бегалците

Во меѓувреме најверојатно се’ повеќе високи функционери се дистанцираат од Гадафи. Повеќе високи по ранг официри и припадници на полицијата преминале на страната на бунтовнциите. Меѓународната помош за бегалците од Либија во Тунис се одвива со засилено темпо. Повеќе европски држави испратија бродови и авиони за да ги транспортираат странците во нивните татковини.

Libyen / Dinar / Währung
Либиски динари

Либиската влада пак од вчера најверојатно целосно го прекина интернетот. Според американски извори, од синоќа нема никаков интернет сообраќај од и кон Либија. Британската морнарица во меѓувреме стопираше германски товарен брод со либиски банкноти во вредност од околу 120 милиони евра, и го врати кон британското пристаниште Харвич. Имено, либиските банкноти, печатени во Велика Британија, не смеат да бидат испорачани во Триполи поради санкциите на ОН.

Автор: Петер Штефе/ Александра Трајковска/ дв/ дапд/дпа

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема