1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либија забранува глорификација на Гадафи

ЖА/АТ/дв3 мај 2012

Либиските власти усвоија нов закон со кој се забранува и пропаганда во корист на поранешниот диктатор Моамер Гадафи.

https://p.dw.com/p/14oQ6
Фотографија: dapd

Во текстот на законот се наведува дека глорификацијата на Моамер Гадафи, на неговиот режим, неговите идеи или неговите синови се казнува со затвор. Исто така со затвор ќе биде казнет и „оној кој ширел лажни информации или гласини за време на војната“ и со тоа „ја саботирал воената подготовка за одбрана на земјата или ширел терор и го ослабувал моралот на граѓаните“.

Законот предвидува доживотен затвор за „гласини или информации кои и‘ штетат на земјата“.

Членовите на Преодниот либиски совет се откажаа од идејата за закон за забрана на активности на партиите втемелени на верски, племенски или етнички основи, но истовремено ја забранија глорификацијата на убиениот долгогодишен либиски лидер Моамер Гадафи.

Националниот преоден совет наведе дека идејата за законот за забрана на политичките партии по верски и племенски принципи била само пробен балон, за да се оцени реакцијата на општеството.

Истовремено во земјата почнува регистрирањето за првите демократски избори во историјата на земјата. Од Триполи се јавува за голема навала на граѓаните за внесување на нивните имиња во избирачкиот список. Регистрацијата инаку трае до 14.мај.