1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Летонија е 18. земја на еврозоната

АТ/ адп/дпа/ртр9 јули 2013

Летонија на 1. јануари 2014 година може да го воведе еврото. Министрите за финансии на ЕУ во Брисел гласаа за прием на оваа балтичка земја во европската монетарна унија.

https://p.dw.com/p/194Tg
Фотографија: Reuters

„Напредуваме, бидејќи знаеме, колку е важна оваа цел“, појасни летонскиот министер за финансии Андрис Вилкс во Брисел. Еврото е важно сидро, токму за малите економии во Европа. Земјата со своите околу два милиона жители ќе биде 18. членка на монетарниот клуб. Како курс на менување ќе се сметаат 0,702804 лети за едно евро.

На почетокот на јуни Комисијата на ЕУ даде препорака за прием на Летонија. Конечната одлука требаше да ја донесат министрите за финансии. Денешната одлука, дека тие ќе го одобрат приемот беше очекувана. Летонија во 2008 и 2009 година се наоѓааше во тешка економска криза, но потоа спроведе опсежни реформи и строга програма за штедење.

Во меѓувреме балтичката земја ги исполнува сите критериуми за пристап. Државното задолжување во 2012 година изнесуваше 40,7 проценти од БДП, дозволени се 60 проценти. Дефицитот изнесуваше 1,2 проценти од БДП, а дозволени се 3 проценти.

Првите евро бенкноти и монети во Летонија треба да бидат во оптег од 1. јануари 2014 година.