1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лесен тренинг во шампионската класа

БГ/дв5 декември 2012

Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Шалке со резервни состави и без многу мака стигнаа до добри резултати во мечевите од последното коло на Лигата на Шампиони. Познати четири учесници во Лига Европа.

https://p.dw.com/p/16vwn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Актуелниот германски првак Борусија Дортмунд успешно го заокружи настапот во групната фаза од фудбалската Лига на Шампиони. Во последниот меч од колото, Борусија со голем број играчи од резервниот состав го совлада англискиот првак Манчестер Сити со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Јулијан Шибер во второто полувреме. Во меч од истата, група Д, Реал Мадрид го совлада Ајакс со 4:1 и го обезбеди второто место во групата, додека клубот од Амстердам ќе се натпреварува во Лига Европа.

На Шалке му беше доволен и освоениот бод од гостувањето во Монпеље за да го обезбеди првото место во групата Б. Головите на мечот паднаа во второто полувреме. Шалке поведе преку Ховедес, а за домаќините израмни Херера за конечни 1:1. На второто место во оваа група се пласираше Арсенал и покрај поразот на гостувањето кај Олимпијакос од 2:1. Грчкиот тим обезбеди учество во Лига Европа.

Во групата А, францускиот ПСЖ го обезбеди првото место откако во решавачкиот дуел пред своите навивачи го совлада Порто со 2:1. Двата тима претходно веќе имаа обезбедено учество во нокаут фазата. Во оваа група натаму оди и Динамо Киев чии фудбалери ремизираа на гостувањето во Загреб против истоимениот хрватски тим.

UEFA Champions League Gruppe B Montpellier FC Schalke Benedikt Hoewedes
Бенедикт Ховедес (Шалке)Фотографија: picture-alliance/dpa

Интересно беше и во групата Ц, каде рускиот Зенит и белгискиот Андерлехт водеа борба за третото место на гостувањата кај Милан односно Малага. Посреќни беа Русите кои со победата во Милано од 1:0 ќе презимат во Европа. Малага и Андерлехт одиграа нерешено 2:2. Во нокаут фазата се пласираа Малага и Милан.

Вечерва, успешниот настап во Лигата на шампионите на германските тимови се очекува да го заокружи Бајерн Минхен. На баварците им е потребна победа во дуелот против отпишаниот Бате Борисов за обезбедување на првото место во групата. Мотив повеќе за Бајерн е и тешкиот пораз од 3:0 на гостувањето во Белорусија. Во оваа група покрај Бајерн, пласман веќе обезбеди и Валенсија.