Ленс Армстронг, на пат кон рекордната шеста титула на Тур Де Франс
23 јули 2004На три етапи до крајот, Ленс Армастронг е на најдобар пат да ја освои шестата рекордна титула на Тур де Франс. 204,5 километри долгата планинска делница американецот ја извозе за 6 часа 11 минути и 52 секунди, како второпласиран со исто време низ целта помина германецот Андреас Клоден од тимот на Т-Мобил, трет со една секунда заостанување беше неговиот тимски колега германецот Јан Урлих, а четврти италијанецот Иван Басо. Андреас Клоден е разочаран што не успеа да ја освои делницата
"Да, тоа не може да се опише, се разбира дека човек е разочаран, но од друга страна сум среќен што тешката етапа добро ја издржав"
За Јан Урлих на оваа трка нема губитници:
"Мислам дека денес нема губитници, ние бевме четворица напред, или подобро петорица, ова беше една кралска етапа, пар екселанс"
Армстронг води во генералниот пласман со 4 минути и девет секунди предност пред второпласираниот Басо, односно 5 минути и 11, и 8 минути и осум секунди пред трето и четвртопласираните германци Клоден и Урлих.
Следната, 18 етапа во должина од 166.5 километри се вози од Анмас до Лон ле Соние.