1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

180211 Lenamania

18 февруари 2011

Пo победата на Евровизија 2010, во Германија владееше еуфоријата „Лена“. Преплавен од емоции, менторот на Лена, Штефан Раб, најави дека Лена во 2011 ќе ја брани титулата. Има ли во Германија се‘ уште „Ленаманија“?

https://p.dw.com/p/10JZv
Лена Мајер-Ландрут и годинава ќе пее за ГерманијаФотографија: picture alliance/dpa

„Морално и етички нема друга можност“, рече Штефан Раб. Заслепени од успехот на Лена, телевизиските босови на Раб му отстапија ударен телевизиски термин за трите шоуа на кои се избира песната со која Лена ќе ја претставува Германија годинава.

„Песната е добра тогаш кога му прави задоволство на уметникот, кога тоа може да го пренесе на гледачите, значи преку настапот да покаже дека му причинува задоволство и трето, кога песната им се допаѓа на гледачите. Повеќе нема што да се каже, рецепт нема“, вели Раб.

„Мама ми кажа“ е една од песните која е добро прифатена од телевизиската публика. Според Штефан Раб, песната мора да биде добра. Дотолку повеќе го радува што ја напишал заедно со Лена.

Lena Meyer-Landrut Flughafen Stefan Raab Eurovision Song Contest Flash-Galerie
Лена и Штефан Раб по победата на Евросонг 2010Фотографија: picture alliance/dpa

Педантно здодевно

Лена настапува сама против себеси и на тој начин им се одзема напрегнатоста на трите телевизиски шоуа. На гледачите им беа ветени музичка широчина и забавни приказни за и околу песните. Произлезе уредна здодевност. На програмата се рок балади и тенденција за соул „а ла Ејми Вајнхаус“. Потоа, следува сиромашен електросаунд и јодлување на Лена преку госпел-поп. Во кусите филмови за песните, композиторите раскажуваат нешто за тоа како настанала песната, и има изјави на Лена околу сето тоа. Притоа, таа седи „стуткана“ во црвена фотелја и за се` дава оценки, како „супер“ или „топ“.

Flash-Galerie Lena Meyer-Landrut Unser Song für Deutschland
Не е совршена, но останува кулФотографија: picture-alliance/dpa

Сепак, од целата таа каша се издвојува една песна која ја одушевува публиката - Таken by a stranger:

„За песната се одлучив зашто сметам дека е добро да се експериментира и да се направи нешто што е неочекувано. Тоа е кул и така останува напрегнатоста“, објаснува Лена.

Ако се погледнат квотите на гледаност на One Woman-шоуто, тоа не е во првата лига. Во меѓувреме, е распрсната Лена-магијата. Таа одамна веќе не е аутсајдерот што некогаш беше. И сега, одеднаш, нејзиниот посебен стил на несовршено танцување и пеење веќе не делува освежително. Да се испрати уште еднаш во трка за избор на песна на Евровизија е отприлика исто толку несоодветно како актуелната мис на светот во наредната година да се испрати повторно на избор.

Flash-Galerie Lena Meyer-Landrut bei der Show Unser Song für Deutschland
Лена настапува сама против себеси - се избира само песната со која ќе настапи на ЕвросонгФотографија: picture-alliance/dpa

Раб се‘ понервозен, Лена и натаму кул

Штефан Раб на критиките на медиумите реагира се` поостро:

„Со Лена имаме најдобра можна стартна позиција. Таа е фантастичен изведувач и интерпретатор и само затоа што досега никој не се осмелил да настапи по веќе освоена победа, тоа не значи дека такво нешто нема и да успее.“

Лена на тоа гледа малку поопуштено:

„Да, ако се одбрани титулата на Евровизија 2011 би било лудило. Многумина велат: ’Ах, ти кутрата, врз тебе се врши огромен притисок’. Не, јас не мислам дека е којзнае колку важно да се победи повторно. Еднаш победивме и повеќе не може да се постигне. Го донесовме Изборот на песна за Евровизија во Германија и тоа ќе биде огромна забава која ќе ја промени малку сликата за Германците. Мислам дека Германците се многу гостопримливи и дека ќе направиме огромна забава. Се радуваме на тоа и затоа учествуваме.“

Автор: Сузане Кордс / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска