ЛДП поднесе барање за интерпелација на Георгиевски
10 август 2007Реклама
Пратеничката група на Либерално демократската партија поднесе барање за интерпелација за претседателот на македонското собрание. Според ЛДП, главна причина за оставката е тоа што Љубиша Георгиевски го ставил Собранието во подредена улога на владата како и дека го претворил парламентот во извор на перманентна политичка криза. Непосреден повод, според нив е последниот случај на кршење на Уставот од страна на претседателот на собранието во одземањето на имунитетот на пратеникот Владо Бучковски. Официјално, иницијативата на ЛДП ја партиите на СДСМ и ДУИ. Претседателот има обврска за 15 дена писмено да одговори на интерпелацијата, а десет дена потоа треба да свика седница на која би се гласало за предлогот.