Лазаров најдобар спортист на Македонија за 2013-та
10 јануари 2014Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за спортист на 2013 година. Наградата му ја додели премиерот Никола Груевски на свечената церемонија одржана синоќа (9.01) во Музејот на македонската револуционерна борба, а во организација на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.
Доминацијата на ракометниот спорт минатата година во нашата земја беше потврдена со уште три победи во деветте категории во кои се доделуваа „Спортските Оскари 2013“.
Најдобрите македонски спортисти, спортски екипи и спортски работници за минатата година беа избрани со гласовите на национални спортски федерации, спортските новинари и стручната комисија при Агенцијата за млади и спорт. Носители на „Спортски Оскар 2013“ по категории се:
Спортист: Кирил Лазаров, капитен на машката ракометна репрезентација
Спортистка: Билјана Црвенковска, капитен на женската ракометна
репрезентација
Национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија
Селектор: Драган Атанасовски, селектор на кик бокс репрезентацијата
Машки национален тим: Репрезентација на Македонија во куглање
Женски национален тим: Ракометната репрезентација на Македонија
Млад спортист: Берат Јакупи, карате репрезентативец
Млада спортистка: Лина Ѓорческа, македонска тенисерка
Најдобар спортист меѓу лицата со инвалидитет: Андреј Стојановски, пливање