Лагард: САД да го заживеат стопанството
28 август 2011Реклама
Освен тоа, Вашингтон мора да донесе „веродостоен план“ за контролирање на државните долгови во иднина, додаде Лагард на конференција во американското место Џексон Хол. Доколку стопанството стагнира, тогаш плановите за намалување на трошоците ја губат веродостојноста, предупреди шефицата на ММФ. Според неа, мора да се најде рамнотежата меѓу намалување на долговите и мерките за поттикнување на стопанството. Французинката ги повика централните банки да ги задржат ниските каматни стапки и да размислат за „неконвенционални чекори“, доколку тие придонесат за заштита на кревката економија.
Автор: ТТ/дв
Редактор: Е.М.Фиданоска