1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лавров: нема да помине резолуција за Косово со која не се согласува Белград

9 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BE05

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека било каква резолуција за Косово која не е прифатлива за Србија нема да биде усвоена во Советот за безбедност на Обединетите нации. „Прифатливо е секое решение до кое ќе се дојде преку договор меѓу двете страни“, категоричен е Лавров. Ниту во оваа прилика не кажа јасно дали Русија ќе го искористи правото на вето во Советот. Денеска во Њујорк инаку се разгледува извештајот на УНМИК за ситуацијата во покраината. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во текстот оценува дека напредокот ќе биде загрозен ако не се донесе одлука за статусот на Косово.