1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лавров: Наивно е да се очекува Асад прв да се повлече

Александар Методијев/афп/миа1 септември 2012

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека би било наивно од западните и арапските нации да очекуваат дека сирискиот претседател Башар ал-Асад прв ќе ги повлече трупите од поголемите градови.

https://p.dw.com/p/161sO
Фотографија: dapd

Кога нашите партнери велат дека владата мора прва да запре и да ги повлече сите свои војници и своето оружје од градовите, и оти само тогаш може да ја повика опозицијата да го стори истото, тоа е целосно нефункционална шема. Или луѓето се наивни или, пак, се работи за некаков вид на провокација“, рече Лавров.

Der russische Außenminister Sergei Lawrow
Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работиФотографија: picture-alliance/dpa

Тој нагласи и оти Русија не се обидува да го поддржи Асад или неговата влада, туку дека ги базира своите политики врз секојдневното случување на терен.

„Без оглед како гледате на сирискиот режим, сосема е нереално во моменталнава ситуација, кога има борби во градовите, да се каже дека единствениот излез е унилатерална капитулација на една од спротивставените страни“, додаде Лавров.

Врз основа на тие случувања на терен кинеските власти изразуваат загриженост за влошувањето на ситуацијата во Сирија. Ваквата оценка ја изразил кинескиот министер за надворешни работи Јанг Јиечи во разговорот со новиот специјален пратеник на ОН за Сирија Лакдар Брахими. Во телефонскиот разговор министерот нагласил дека Кина од блиску ја следи хуманитарната сируација во земјата, која станува се’ полоша од ден во ден.

Syrien Bürgerkrieg Kämpfe um Aleppo
Ситуацијата на терен се влошува од ден во денФотографија: Reuters

Едно од решенијата кое се бара во ОН е создавањето на заштитени зони, но таквата идеја ја отфрли сирискиот претседател. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја отфрли, пак, можноста за создавање заштитени зони за населението во Сирија кое бега од борбите, без резолуција на Советот за безбедност на ОН. Според него, невозможно е создавање тампон зона без утврдување на зона за забранети летови. Анкара ќе ги продолжи своите напори за да се прифати идејата за создавање заштитени зони во Сирија и покрај резервите што неделава беа изразени за ова прашање во Советот за безбедност.

„Турција е на страната на сирискиот народ, а не на жестокиот режим на Башар ал-Асад“, изјави Ердоган, според кого сирискиот претседател е „политички мртовец“.