1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кјото - протоколот стапи во сила

16 февруари 2005
https://p.dw.com/p/AcHD
Украински заштитиници на климата пред американската амбасада во Киев
Украински заштитиници на климата пред американската амбасада во КиевФотографија: AP

Седум години по донесувањето на Протоколот од Кјото, наменет на заштитата на климата во светот, тој денеска стапи во сила. Индустриските земји се обврзуваат до 2012 година да ја намалат емисијата на издувни гасови за 5,2% под нивото од 1990-тата година. Стапувањето на протоколот во сила беше овозможено откако Русија, на крајот на 2004 година по долго одолговлекување и колебање му се приклучи на Протоколот. САД и натаму отфрлаат негова ратификација. Во јапонскиот град Кјото, во кој беше донесен договорот во 1997 година, се одржа свеченост на која присуствуваше и кениската заштитничка на животната средина, носител на Нобеловата награда за мир, Вангари Матаи. Првиот човек на програмата за екологија на ОН, Клаус Тепфер, повика на натамошни чекори во заштитата на климата. Стапувањето во сила на Протоколот од Кјото, според Тепфер, е само почеток на патот кон стабилизирање на климата.