1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Куќи од пластичен отпад

Соња Шок / Е.М.Фиданоска30 мај 2013

Фирма за рециклирање од Гвадалахара сака да го искористи пластичниот отпад кој во Мексико се трупа се‘ повеќе. Идејата гласи - старата пластика може да биде основен материјал за клупи, саксии и цели куќи!

https://p.dw.com/p/18eQg
Фотографија: imago stock&people

Многу депонии во Мексико изгледаат исто - кеси и пластични шишиња се исфрлаат на куп заедно со друг вид отпад. Собирачите напорно трагаат по отпад кој може да се употреби повторно. На други места пластичниот отпад веќе се собира одделно и се носи во фирми за рециклирање. Таму пластиката се сортира, се ситни и се топи, за потоа да добие нови форми.

Рамон Мартин Есоиносо, раководител во фирмата „Квадро Еколоџикал Солушнс“ објаснува: „Од отпадот изработуваме пластични плочи, кои можат да бидат замена за конвенционални материјали, како дрво, метал или бетон.“

Mexiko Schweinegrippe
Една конвенционалнa градба чини четири пати поскапо од куќа од пластикаФотографија: AP

Од овие плочи се прави куќа. За 18 квадратни метри животен простор се потребни еденипол тон пластичен отпад.

Рамон Мартин Есионосо вели: „Наша цел е да создадеме производ кој ќе ја задоволи потребата за простор за живеење, која е огромна. Тоа особено важи за луѓето на маргините на општеството кои досега немале шанса да живеат во достоинствени услови.“

Дом од рециклирана пластика со големина од 55 квадратни метри чини околу 5.000 евра. Конвенционалните градби со иста големина се четири пати поскапи.