Кушнер на Косово
14 јули 2007Реклама
Министерот за надворешни работи на Франција Бернар Кушнер ги повика косовските Албанци и нивните лидери да бидат трпеливи уште неколку месеци и да ги продолжат преговорите со Белград за конечен статус на покраината. Кушнер при посетата на Приштина истакна и дека во случај во тој период евентуално не дојде до договор, меѓународната заедница повторно ќе се врати на планот на Марти Ахтисари. Кушнер подвлече и дека сега станува збор за целосно нов развој на косовскиот статус и дека не е сигурен дали во преговорите ќе дојде до консензус.