Куршумите се заменети со војна на зборови
16 мај 2008Реклама
ЕУ- амбасадорот, Ерван Фуере, преку телевизијата, Алсат, која е најгледана меѓу Албанците, праша зошто само тие во Македонија сеуште ги применуваат средствата на насилство, наспроти демократските избори во Албанија и Косово.
Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Роберт Бери, ја подготвува првата верзија на привремениот извештај за изминатиот дел од изборниот циклус, кога беа регистрирани околу 15 сериозни инциденти со насилство.
Ако во Македонија нема мирни и фер избори, нема потреба да се плашиме од грчко вето, зашто македонското вето ќе биде веќе на маса, рече лидерот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.