1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курдските затвореници го завршија штрајкот со глад

ЖА/дв/макфакс18 ноември 2012

На повик на курдскиот лидер Абдула Оџалан, завршен е штрајкот со глад на курдските затвореници во турските затвори кој траеше 68 дена, соопшти претставник на курдските затвореници.

https://p.dw.com/p/16lH6
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Лидерот на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПKK), којашто води вооружена борба против турските сили од 1984 година, во саботата од затвор повика на прекинување на протестот со штрајк со глад кој го спроведуваа повеќе од 700 курдски затвореници во затворите низ цела Турција.

Писмената изјава на историскиот водач на PKK ја објави неговиот брат Мехмет Оџалан, кој го посетил во затворот.

Во документот Оџалан истакнува дека штрајкот со глад е многу важен и дека неговата акција ја постигнала целта, како и дека тој сака без двоумење тој да биде прекинат. Турската исламистичко-конзервативна влада на премиерот Реџеп Таип Ердогоан, во вторникот се обиде да го запре овој бран протести и предложи нацрт закон според кој Курдите во судовите би можеле да се бранат на мајчин јазик.

Курдските активисти ја оценија оваа мерка како недоволна и бараат прекин на изолацијата на Оџалан кој од 1999. година издржува доживотна затворска казна. Штрајкот со глад започна на 12-ти септември и на него се одѕваа стотици затвореници кои завршија во турските затвори поради поврзаноста со сепаратистите од ПKK.