1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курдска пролет

Феликс Гедке/ Гајатарри Парамесваран/Симе Недевски26 мај 2013

Курдите сочинуваат 10 проценти од сириското население и се најголемо етничко малцинство во земјата. Во 1960 година на 2 милиони Курди во Сирија им беше ускратено државјанство. Меѓутоа, револуцијата смени многу работи.

https://p.dw.com/p/18eES
Фотографија: AFP/Getty Images

Асја Мухамед Абдулах е потпретседател на Партијата на демократска унија, сирискиот огранок на Работничката партија на Курдистан (ПКК). „Ние, Курдите во Сирија, се бориме за своите права веќе 30 години. Поради тоа режимот уапси многу наши пријатели и ги мачеше до смрт. На почетокот на револуцијата не тргнавме од нула. Бевме подготвени. Решението за курдското прашање е завршено. Демократијата е политичко решение за сириските проблеми. Не сакаме да ја делиме Сирија. Веруваме дека како браќа можеме да живееме во демократска Сирија.“

На почетокот на бунтот, сирискиот претседател им го врати државјанството на Курдите, со цел да спречи ширење на востанието на курдска област. Дел од сириската армија е преместена од тие региони- поради стратешки причини.

Воено присуство

Syrien Kurden Bevölkerung
Фотографија: DW/Felix Gaedtke

Истовремено, ПКК и турската власт преговараат од другата страна на границата. Текот на преговорите имаа одлучувачко влијание на случувањата во курдските области во Сирија. Курдите би можеле да имаат полза од делумно отворање на границите- војна и економска. „Ние сме против крвопролевање и вооружени немири во Сирија, но моментално ситуацијата не принудува да носиме оружје. Ако некоја влада во иднина на Курдите им ги обезбеди сите права, ние ќе учествуваме во таа влада и ќе ја поддржиме, но ако ни ги ускратат правата, за нив ќе мораме да се бориме со оружје“, вели еден курдски борец.

Културна преродба

Под власта на Асад, на Курдите им беше забрането да го зборуваат својот јазик и јавно да ја слават својата Нова година. Но со порастот на политичката и воената моќ, повторно се развива и курдската култура.

„Пред револуцијата состојбата беше страшна. Моравме да држиме проби дома. Тоа не само што беше забрането туку и опасно. Од почетокот на револуцијата се изгледа подобро. Можеме да одржуваме проби тука, во Центарот. Тоа е добро чувство. За нас е прекрасно тоа што можеме да зборуваме и пееме на нашиот јазик“, вели младиот курдски пејач Хусеин Кате, по пробата во Културниот центар „Мухамед Шеко“.

Меѓутоа, близината на војната е видлива. Често снемува струја, отпадот се влече по улиците. Цените на прехранбените производи пораснаа во последните 2 години. Училиштата се главно затворени- од безбедносни причини.