1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кумуцакос за спорот со името на Македонија

20 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bsvh

Грција останува на својата позиција за прашањето за уставното име на Македонија, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Јоргос Кумуцакос. Тој нагласи дека Атина бара взаемно прифатливо решение за спорот, кое според него би можело да биде комбинирано име. Кумуцакос нагласи дека би било контрапродуктивно прашањето да остане отворено и додаде дека Грција нема да се откаже од правата и опции со кои располага како членка на НАТО и ЕУ.