1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Културен календар за јануари 2011

30 декември 2010

Новата година на културен план во Германиjа почнува возбудливо. Во Сарбрикен се состанува подмладокот на германскиот филм. Келн мами со саем за дизајн, Берлин, пак, со неделата на модата. И тоа ни од далеку не е се’...

https://p.dw.com/p/zrRe
Фотографија: BilderBox

Голема надеж за младите германски „филмаџии“


Achtung: Nur zur Berichterstattung über das Max-Ophüls-Fimfestival 2011 benutzen: Filmstill 180 Grad
Сцена од филмот „180 степени“ на Чихан Инан, кој е во трка за наградата Марк ОпилсФотографија: Filmfestival Max Ophuels Preis

Секоја година во јануари филмскиот подмладок од германското говорно подрачје се собира на фестивалот посветен на германско-францускиот режисер Макс Опилс во неговиот роден град Сарбрикен. Комисијата издвои 500 филмови: 16 од нив се натпреваруваат во категоријата „долгометражен филм“, а други 16 во категоријата „краткометражен филм“. Најголемиот дел од нив се премиери. За многумина синеасти овој фестивал е отскочна даска во филмската кариера. Еклатантен пример е Флоријан Хенкел фон Донерсмарк кој во 2000 година ја доби неговата прва награда за краткиот филм „Доберман“. Седум години подоцна следуваше наградата „Оскар“ за филмот „Животот на другите“. За разлика од почетоците на фестивалот, кога публиката броеше само 700 гледачи, денес филмските претстави ги посетуваат повеќе од 30.000 луѓе. Меѓу другото, тема на разговор меѓу посетителите и филмските работници, несомнено, ќе бидат и Оскарите. Имено, Академијата во Лос Анџелес, на 25 јануари ќе ги објави номинациите за овогодишното доделување на најпрестижната филмска награда во светот.

Неповторлив спој на дизајн и рециклажа


Achtung: Nur für Kulturkalender Januar 2011 verwenden - Venice von Claudio Bellini
Актуелен дизајн од лаугуната. На сликата е дото „Венеција“ на Клаудио БелиниФотографија: Riva Industria Mobili SpA

Многумина не би знаеле што може да се направи со дрво кое десет години било во вода. Во овој случај станува збор за дрвени колци од Венеција кои биле заменети со нови. Една италијанска фирма за мебел ангажираше 29 дизајнери со цел дотраените колци да се рециклираат и оформат во маси, столици или скулптури. Исходот од работата ќе биде презентиран во Музејот за применета уметност во Келн, во рамките на дизајнерската недела наречена „Пасажи“ која, пак, се одржува истовремено со Меѓународниот саем за мебел (17-23.01.2010). Планирани се околу 190 настани на различни локации во градот. „Пасажи“, основана пред 22 години, е една од најголемите платформи за дизајн во Германија.

Ќе летаат авиони на модните писти во Берлин


Flash-Galerie Berlin Fashion Week 2010
Висока мода во БерлинФотографија: AP


Мода од Германија ― не звучи многу атрактивно. Прва асоцијација во овој контекст најчесто е сликата на мажи со чорапи и сандали. Поинакви се очекувањата кога станува збор за Париз, Милано, Лондон или Њујорк: во овие градови луѓето се шик и изобилуваат со креативност. Рака на срце, Германците стануваат се` погласни во областа на модниот дизајн. Берлин веќе неколку години покажува амбиции да се етаблира како град на модата и двапати во годината е домаќин на „Модната недела“. Од 19 до 22 јануари на модните писти во Берлин ќе бидат прикажани колекциите есен-зима за 2011 година. За многу од младите дизајнери во градот кои ги има во огромен број ― не само поради деветте модни училишта ― оваа недела е шанса да ги презентираат своите креации пред пошироката јавност. Еден од главните аспекти на овогодишното издание е принципот на еколошка мода која се залага за биолошко производство на ткаенини.

Културна симбиоза на Истокот и Западот


ACHTUNG Rechtehinweis beachten - Nur für Kulturkalender Januar 2011: Orientalismus-Ausstellung München
Ориентализам на платноФотографија: The Cleveland Museum of Art, Seventy-fifth anniversary gift of Mrs. Noah L. Butkin

Целата приказна започна со Наполеон Бонапарта. Неговиот воен поход на Египет, во кој се најдоа и мноштво уметници и научници од Европа, предизвикаа воодушевување кај Европејците од традицијата на Египет. Научниците-придружници на Наполеон преку текст и слика раскажуваа за прекрасниот свет на фараоните и пирамидите, а во уметноста беше зароден нов ориентализам. Бројни уметници се обидуваа да отпатуваат до местата каде Египќаните ја создавале својата уметност, а оние на кои тоа не им успеало, морале да го доживеат впечатокот преку фотографии и сопствената фантазија. Какви дела биле создадени под влијание на египетската култура може да се види од 28 јануари до 1 мај во Уметничката галерија во Минхен. „Ориентализмот во Европа: од Делакроа до Кандински“ е името на изложбата за која се позајмени околу 100 врвни уметнички дела од целиот свет кои покажуваат каква претствата имал Западот за Ориентот и какви клишеа биле создавани за Источниот свет.

Прв уметнички саем на интернет


Nur für Kulturkalender Januar 2011: Screenshot aus dem Promovideo der VIP Art Fair
Исечок од промотивното видео на „VIP Art Fair"Фотографија: VIP Art Fair

На интернет-мрежата веќе одамна може да се чита весник, да се гледаат филмови и да се пазари, а наскоро ќе може да се посети и уметнички саем. Проектот насловен „VIP Art Fair“, кој се одржува од 22 до 30 јануари е виртуелен саем на уметнички дела кој е достапен исклучиво преку интернет. Можеби звучи чудно со оглед на тоа дека едно уметничко дело мора лично да се види со цел да биде сфатено, но иницијативата ја поддржуваат реномирани галерии. Програмата предвидува прикажување на уметнички дела во приватни „чет-соби“ или преку сервисот „Скајп“. На предводниците на иницијативата им е сосема јасно дека со ова не може да се замени вистинското доживување во галерија или музеј, но се надеваат дека на овој начин ќе создадат нова платформа на која ќе се среќаваат колекционери и уметници без разлика на тоа во кој дел на светот се наоѓаат.

Автор: Петра Ламбек / Далибор Стајиќ

Редактор: Трајче Тосев