1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Културата – душа на Европа!

Силвера Падори19 ноември 2006

Три дена во Берлин високи претставници на високата европска политика и култура, вклучени во иницијативата „Да и се даде душа на Европа“ расправаа за конкретни проекти со кои културата ќе стане основа на натамошното европско интегрирање. Меѓу шесте проекти за натамошните активности, еден е посветен и на Југоисточна Европа.Македонија во Берлин ја претставуваше Тито Петковски, прв човек на собраниската ко

https://p.dw.com/p/Ac1Y
За Норберт Ламерт, претседател на Бундестагот - културата е база за европската интеграција
За Норберт Ламерт, претседател на Бундестагот - културата е база за европската интеграцијаФотографија: dpa

мисија за европски прашања

На процесот на европкото обединување му треба душа.На Европа и треба душа! Оваа идеја во 2004 - та година ја покрена тогашниот престедател на Европската комисија Жак Делор. До денес, таа прерасна во граѓанска иницијатива со конкретни идеи за натамиошното делување, чија крајна замисла е културата да биде душата на Европа и тоа не апстрактна, туку конкретна, преку партнерства и проекти.

Да и се даде душа на Европа. Што значи тоа? Лесно е да се објасни, но тешко да се примени. Ова значи да и се даде политичка сила на културата.Културата не е приватно игралиште на одбраните среќници - мислители, уметници, интелектуалци.Културата е нашиот начин на живеење, слободата и хуманиот соживот“ - изјави поранешниот германски претседател Рихард фон Вајцекер кој е во Кураториумот на Иницијативата.

Претседателот на Европската комисија Жозе Маниел Барозо кој учествуваше на Конфертенцијата, ги повика Европејците да ги бранат сопствените вредности како политичари и индивидуи.

„Европскте вредности кои го обединуваат континентот и нашиот заеднички проект - слободите, хуманизмот и толеранцијата стојат пред предизвик.“ Смета Барозо објаснувајќи дека наспроти слободите на изразување, на религија, на уметничко творештво - се тенденциите на фанатизам, фундаментализам и нетолеранција. Тој предупреди од заканата - борбата против теророт да ги ограничи слободите! Според него тоа би била и своевидна победа на терористите. Секое општество кое ги ограничува слободите за да постигне безбедност, на крајот ке ги изгуби и обете.

Културата е камен темелник на припадноста и активното граѓанство на Европа. Со унапреден дијалот, културите отвораат пат за развој во мултикултурните и мултијазичните општества“ - рече Барозо објаснувајќи дека карактеристика на европската култура е збирот на различности кои ги создаваат заедничките вредности,хуманизмот и демократијата.

Според зборовите на претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт Европската Унија честопати се разбира како заеднички пазар и заедничка демократија, а малку како културна заедница во чија основа е европската интеграција. Затоа тој и подвлече дека оваа инцијатива ја разбира како иден модел на соработка на граѓанското општество и политиката.“

Вклучените во иницијативата „Да и се даде душа на Европа“ за наредниот период си поставија конкретни цели. Подмладување, продлабочување и проширување на иницијативата. Во категоријата продалбочување се разработени шест блока проекти чија заедничка нишка е континуирано присуство на културата во европскиот процес на одлучување. Фолкер Хасемер, гласноговорник на иницијативата, за нашата програма кажа дека еден од проектите е конкретно насочен кон Југоисточна Европа, иако дел од земјите не се во Унијата. Според него Европа лежи и подалеку од границите на ЕУ, при што подвлече

„Југоисточна Европа за нас е пример проект за една структурна политика во рамките на ЕУ која ќе ги опфати културните можности на регионот “ . Хасемер понатаму забележа дека идеја е преку културата да се придонесе за развој на регинот, а тоа е впрочем и дел од уште еден проект на иницијативата „Да и се даде душа на Европа“. Во контекст на ова се подразбира и вклучување и размена на млади. Но, дека тоа нема да е лесно со ригидниот визен режим подвлекоа во расправата и Рене ван дер Линден претседател на Парламентарното собрание на Европскиот совет, како и евриопарламентарецот Ханес Свобода беше категоричен дека е скандал она што се случува во европската политика со визите. Според него полека ситуацијата почна да менува,но може многу да се говори за соработка, ако ништо не се смени околу визите - се ќе биде попусто!