1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кукан против балкански Бенелукс

БГ/бета3 август 2012

Поранешниот шеф на словачката дипломатија и европратеник вели дека таквата идеја е проблематична од аспект на состојбата со Косово и поради стравот од Голема Албанија.

https://p.dw.com/p/15jGC
Фотографија: DW/Arben Muka

Словачкиот европратеник и претседател на парламентарната делегација на европарламентот за земјите од Западниот Балкан, Едуард Кукан ја оцени како нереална идејата за формирање на балкански Бенелукс за соработка на дел од земјите во тој регион. Таквата идеја, според него, ја кочат стравувањата на соседите од формирање на Голема Албанија, но таа е нереална и поради тоа што порано или подоцна тие земји ќе треба да се соочат со прашањето за статусот на Косово.

„Доколку говориме за некаква формална структура или организација јас сум скептичен дали е тоа можно. Таквиот предлог секогаш ќе предизвикува претпазливост и поради стравувањата на соседните држави од создавање на Голема Албанија. Тоа е секогаш чувствителна тема. Затоа што денес во косовскиот парламент е многу популарно движењето Самоопределување кое отворено говори за идејата на Голема Албанија“, вели Кукан за идејата Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора да формираат своевиден балкански Бенелукс во кој поблиску би соработувале.

Според оценката на поранешниот шеф на словачката дипломатија, Европскиот парламент би ја поздравил секоја иницијатива за потесна соработка на земјите од регионот, но тоа не значи дека го прифаќа проектот на балкански Бенелукс.