Куба бара Буш да не се меша во нејзините работи
25 октомври 2007Реклама
Куба го критикува американскиот претседател Џорџ Буш, кој отворено ги повика Кубанците на бунт против комунистичкиот режим.Тој побара од војската и полицијата да го сменат од власт Фидел Кастро и да воведат повеќепартиска демократија.Кубанскиот министер за надворешни работи ги предупреди САД да престанат да се мешаат во внатрешните работи на неговата земја и да ја укинат економската блокада која трае повеќе од 40 години.