Критики за Македонија
12 март 2010Реклама
Во годишниот извештај за човековите права во Македонија, се оценува дека претседателските и локалните избори минатата година ги исполниле повеќето меѓународни стандарди за демократски избори. Затворите се преполни, а условите според извештаите се нехумани и деградирачки, набљудувачите јавиле и за широкораспространета корупција меѓу затворската служба. Се наведува дека примената на судските реформи и натаму е во застој, а политичкиот притисок и заплашување ја попречуваат ефикасноста на судството. Спорот околу владината поддршка за градење на православна црква на градскиот плоштад во Скопје, според американската влада придонесол за меѓуетничка напнатост и покренал прашања за владино мешање во верски работи.
Автор: БГ/ЕМФ/миа