1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критика за изјавата на Јунг

17 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BgeQ

Во Германија се заострува дебатата околу анти терористичките мерки по најновите изјави на министерот за одбрана Франц Јосеф Јунг. Политичарот од ЦДУ, во интервју нагласи дека доколку би бил грабнат патнички авион за терористички цели ќе нареди да се пука врз него иако не постои правна регулираност, за да ги заштити граѓаните. Во еден таков случај, според сегашната правна регулираност во Германија би станувало збор за вонзаконска вонредна состојба. Предлогот го одби шефот на СПД Курт Бек, а критика стигна и од редовите на Зелените и Либералите. Шефот на пратеничката група на Унијата Фолкер Каудер наспроти ова ги одбрани изјавите на министерот. Законот за безебедност од воздух, со кој требаше да се регулра реакцијата на државата во случај на терористички напад од воздух, пропадна