1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Криминал во стопанството – приватни детективи

Клаус Улрих15 декември 2006

Коруптивните скандали во големите концерни како Фолксваген или Сименс, со проневера на пари во астрономски износи, не се само спектакли на стопански криминал што предизвикуваат големи пштети. Според анкетите, во минатата година скоро секоја втора фирма во Германија била жртва на криминални случаи. Според сојузната криминалистичка служба, штетите префрлаат милијарди евра, сивите износи уште повеќе.

https://p.dw.com/p/AeJz
Фотографија: BilderBox

Бидејќи полицијата е преоптоварена, во битката против економскиот криминал се вклучени и приватни детективи. Новинарот Клаус Улрих се сретна со еден од нив:

Приватниот детектив Андреас Симон само десет насто од неговите порачки ги добива од приватни лица. Во прв ред негови клиенти се фирми. Агенцијата на Андреас Симон е вклучена уште пред полицијата, за прибирање факти во случаи на фалсификувани биланси, погрешни листи со инвентар, индустриска шпионажа или кражби. Зашто, сомнежот важи само ако претходно се соберат соодветни докази. Симон вели:

„Во полицијата за жал не постои соодветен персонал. Често ни се случува полициската работа да се состои само во тоа да се прими пријава. Вистинската работа потоа ја вршиме ние. Кога иследуваме некој сомнителен и откриваме нешта за кои не сме надлежни, тогаш и се обраќаме на полицијата и велиме: ве молиме, имаме извршител за кој ги откривме следниве работи. Полицијата е задоволна, па може со помош на нашите информации да издаде налог за апсење или претсрес и слично. Се разбира, тоа е задача на државните власти„.

Многу често фирмите од страв да не им биде нарушен имиџот, се откажуваат од казнени постапки и случаите порадо сакаат интерно да ги решат. И покрај се, според инфомациите на Сојузната криминалистичка служба, бројот казнени дела во минатата година во споредба со претходната пораснал со скоро десет проценти, односно изнесува скоро 90 илјади. Вкупната шета во минатата година изнесувала 4,2 милијарди евра. Во најголемиот број случаи во деликтите е замешан сопствениот персонал, вели приватниот детектив Андреас Симон. Тој го работи ова веќе 25 години. Неговата агенција со седиште во Сигбураг кај Бон, работи заедно со една дузина други во покраината Северна Рајна Вестфалија. Мотивите за криминалните дејства Симон вака ги опишува:

„Секако, лакомоста е еден од факторите, но често и незадоволството и чувството за неправда во третманот, па тие вака размислуваат: момент, ти заслужуваш повеќе отколку што добиваш. Остатокот потоа го земаат на различни начини„.

Меѓутоа, има и сосема други причини поради кои вработените во фирмите се впуштаат во криминал. Така, можно е поради фрустрираност на работното место да дојде до желба за одмазда против фирмата:

„Понекогаш се случува првенствен фактор да не е збогатувањето, туку многу често и саботажата. Тоа значи, да се спречат процесите на производство. Во подрачјето на прозиводството неодамна имавме ваков случај: на производната лента често беа наоѓани метални предмети во машините, па тие не можеа да функционираат и доаѓаше до застои. Целата машина мораше да се смени за се да почне одново, а тоа носи значителни штети„.

Во такви случаи решението е едноставно: со скриена камера извршителот лесно и бргу може да биде идентификуван. Многу потешки за следење се случаите кога станува збор за фалсификување на билансите и сличните деликти во кои се манипулира книговодството:

„Работиме и врз тие случаи, се разбира во соработка со даночни советници и други стручњаци. Во таквите случаи, кога постои сомнеж за манипулирање, се поставува прашањето кој може врз тоа да влијае. Тогаш започнуваме со посматрања и истрага: кој и каде има конта, кој и каде може да префрла средства и слично. Најчесто тоа се обични луѓе пред чија вртата одеднаш се појавуваат „ферари„ или „порше„ иако тие можат да си дозволат само обичен автомобил. Во нашите истраги често откриваме и куќи на Мајорка или на други места што овде не може да биде познато„.

Таканаречените „мали службеници„ – статистички гледано – се најчестите криминалци во фирмите. Многу поретко се замешани врвните менаџери, но штетите што ги предизвикуваат тие се значително поголеми, односно огромни:

„Често се случува да се каже: ова е човек од доверба и не може да се очекува тој да направи нешто такво. Потоа се згуснуваат доказите и на крајот се покажува: сепак тоа е десната рака на шефот кој во него со години имаше неограничена доверба. Дотогаш никој не верувал дека таков би можел да преземе такви манипулиации. Ваквите случаи се ртеки, но тогаш сумите се соодветно големи: повеќе стотици илјади евра, ако не и многу повеќе„, објаснува Андреас Симон.

Инаку, тој смета дека до криминал во стопанството не доаѓа поради состојбите во конјунктурата. Всушнсот, многу повеќе се внимава во лоши времиња. А, кога е добро, се смета: никој нема да забележи ако нешто се стави и во сопствениот џеб.