1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Крик“ продаден по рекордна цена на аукција

ЖА/АТ/дв3 мај 2012

Сликата „Крик“ на норвешкиот уметник Едвард Мунк во Сотби во Њујорк беше продадена на аукција за речиси 120 милиони долари, односно 91 милион евра.

https://p.dw.com/p/14oPr
Sotheby's employees pose for a photograph with Edvard Munch's painting "The scream" at Sotheby's auction house in London April 12, 2012. The painting, estimated to exceed $80 million (50.2 million pounds), will be sold in New York on May 2, 2012. REUTERS/Stefan Wermuth (BRITAIN - Tags: ENTERTAINMENT SOCIETY)
Фотографија: Reuters

Со тоа легендарното дело „Крик“, едно од најпознатите во историјата на уметноста, го надмина досегашниот рекорд постигнат на аукција за повеќе од 13 милиони долари. Пред две години делото „Акт, зелени лисја и биста“ на Пабло Пикасо беше продадено за 95 милиони долари.

„Крик“ на Мунк важи за симбол на стравовите на модерниот човек, а потекнува од 1895. година, таа е едно од четирите варијанти на експресионистичката слика, која прикажува стилизиран маж со изобилечно лице кој испушта вресок под црвено небо.

Купувачот на аукцијата учествувал анонимно преку телефон. Сликата претходно беше во сопственост на норвешкиот индустријалец Петер Олсен, чиј татко своевремено бил мецена и сосед на Мунк и делото го добил пред повеќе од 70 години. Олсен планира со парите да отвори музеј на Мунк.