1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крик на жените за поголема праведност

А.Трајковска/ С.Петерсман/ ројтерс22 декември 2012

Една недела по групното силување на 23 годишна девојка, илјадници луѓе маршираа пред претседателската палата во Њу Делхи. Тие бараат смртна казна за сторителите и поголема заштита за жените.

https://p.dw.com/p/1783M
Фотографија: Reuters

Илјадници луѓе во Њу Делхи протестираа поради групно силување на една 23 годишна девојка. При денешните масовни протести дојде и до судири со полицијата. Органите за безбедност притоа употребија солзавец, водени топови и гумени палки против демонстрантите, кои во голем број маршираа пред претседателската палата.

„Секој пат кога ќе се обелодени некој случај се возбудуваме и слушаме ветувања кои никогаш не се исполнуваат. Сторителите не’ сфаќаат нас жените како нешто што само по себе се разбира“, зе жали една демонстрантка. Демонстрантите имено, повеќето од нив студенти, бараат смртна казна за обвинетите како и зајакнување на безбедносните мерки за заштита на жените.

Социјалниот научник Ранјана Кумари напротив посакува полицијата и правосудните органи да делуваат според постоечките закони. „96 проценти од сите случаи се само акти. А во случаите кога се делува, нема осуда. Тројца од четворица сторители остануваат неказнети“.

Младата жена пред една недела била злоставувана од повеќемина сторители по што била фрлена од автобус во движење на една фреквентна улица во индискиот главен град. Таа во болница се бори за својот живот. Уасени се пет лица.

Indien Vergewaltigung Proteste
Протести во ИндијаФотографија: Raveendran/AFP/Getty Images

Во ниту еден друг индиски град не се пријавуваат толку сексуални деликти колку во 16 милионската метропола Њу Делхи. Во просек, според информации на полицијата секои 18 часови се силува една жена, други сексуални напади се регистрираат на секои 14 часови. Во изминатата година, според официјални податоци имало околу 600 силувања, но колкава е темната бројка може само да се претпостави. Повеќето жртви молчат.

Нападот врз 23 -годишната девојка предизвика бурни реакции и протести во целата земја. Во се’ повеќе градови се организираат мировни маршови и демонстрации, иако министерството за внатрешни работи повика на воздржаност.

Студија: До 12 милиони девојчиња абортирани во последните 30 години

Дали брзи судски пресуди, построги казни и поголема будност на полицијата на улиците ќе ги одврати мажите да не ги силуваат жените? Да, велат многумина, кои учестуваат во актуелната дискусија. „Не, токму тоа не“, се спротивставува политичарката од Левицата Бринда Карат, оти многу индиски девојчиња уште во стомакот на мајката се борат за преживување.

Во повеќе меѓународни студии се тематизира дека во Индија во последните три децении биле абортирани до 12 милиони фетуси-девојчиња. Според податоци на реномираниот медицински магазин „The Lancet“ денес во старосната граница од шест години во Индија живеат околу седум милиони помалку девојчиња од момчиња.