1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризни рецепти на грчките претприемачи

Милтијадес Арсенопулос / Александар Методијев6 март 2013

Околу половина од грчките домаќинства не можат да си ги платат сметките и даноците, покажа неодамнешното истражување на конфедерацијата на малите грчки бизниси. Како при намалена куповна моќ, да преживеат бизнисите?

https://p.dw.com/p/17b7z
Фотографија: Getty Images

Питачите ги има се’ повеќе на атинските улици. Тие го потсетуваат Леонидас Дамјанидис секој ден на тоа колку му е добро, дури и во кризата. Дамјанидис е претприемнички консултант и пари главно заработува во странство.

Во главниот град Атина е како и во остатокот од земјата - има малку можности за заработувачка. Насекаде напуштени продавници. Од подем нема трага. Дамјанидис се’ уште не ја загубил вербата во својата земја, иако понекогаш е сомничав.

„Многу е депресивно да се гледа дека неверојатно многу луѓе претураат низ кантите за ѓубре да најдат нешто што може да се искористи“, вели консултантот Дамјанидис.

Заборави го домашниот пазар!

Тој секој ден патува кон неколкуте свои преостанати клиенти во Грција. Првата станица му е на северот од Атина, кај еден фармацевтски производител. Хипократ, основачот на медицината, потсетува на славните грчки времиња во оваа област.

05.02.2013 DW Made in Germany Griechenland
Празните продавници се честа глетка во грчката престолнина

Консултантот внатре ја доживува спротивноста на кризата. Шефот на фирмата Димитриос Демос организира производство 24 часа во денот. Неговиот рецепт за успех е „Заборави го домашниот пазар! Извезувај колку што можеш повеќе!“

„Најдобро за исплаќање на долгот секако е повеќе да се извезува, ама тоа не оди преку ноќ. Тоа прво мора да биде организирано, при што мора и државата да помогне за фирмите да успеат“, вели Дамјанидис.

Компанијата ги извезува своите електролити во целиот свет - се’ до Нов Зеланд, а и во Германија. Производот е баран и извозот би можел да биде уште поголем. Но, би морало да се инвестира, а тоа е тешко пресметлив ризик.

„Едноставно не знам што ќе се случи следниот месец. Во последниве две години имавме четири пакети на штедење, а веројатно ќе дојде и петти. А, и даноците за фирмите се менуваат на секои шест месеци. Нам ни се неопходни константни услови. Мислам дека може да има пораст, ако имаме сигурна, стабилна база“, вели Димитриос Демос, претседател на УО на Демо А.Г.

Дамјанидис продолжува во центарот на Атина. Тука, на плоштадот Синтагма, вообичаено пулсира животот, но неодамна имаше и штрајк во метрото. Се’ уште има отпор против владината политика на штедење.

„Владејачките партии се согласни дека мирот, безбедноста и политичката стабилност се на прво место. Ако сега има помали протести, тоа може да се преброди, сега во принцип тоа може подобро да се издржи“, вели Дамјанидис.

Пари од туристи

Малку надеж му дава туризмот - најзначајниот сектор во земјата. Луксузните хотели годинава очекуваат повеќе гости. Но, браншата може повторно да процути и на други места, дознава тој од менаџерот на хотелот. Пораст од пет проценти се чини реален.

Finanzkirse Griechenland
Погодените од мерките за штедење се често на улицаФотографија: AP

„Нам ни требаат Германците. Тие се нашите најважни муштерии. Германците се критичната маса. Германија во добри времиња ни носи три и пол милиони туристи и многу повисоки приходи отколку од Англичаните, од кои доаѓаат три милиони“, вели Анастасиос Хоменидис, менаџер на хотел „Гран Бретањ“.

Обајцата знаат дека на земјата сега пред се’ и треба мир и стабилност. Ако повторно на проштадот Синтагма се распламтат протести против мерките за штедење, тогаш туристите, меѓу кои и Германците, ќе ја избегнат целата земја. Така дури и светски познатиот Акропол ќе ја загуби својата привлечна сила.