Криза на европскиот авто-пазар
7 јули 2013Реклама
Особено тешко погоден од кризата е францускиот произведувач Пежо-Ситроен. Производството на оваа фирма е насочено кон малите автомобили кои традиционално се продаваат добро во јужна Европа. Но, тоа е минато. Во земји погодени од кризата како Шпанија или Италија, но и на домашен терен во Франција, компанијата повеќе не може да оствари добивка.
Севкупно, бројките од продажбата со години се во пад. Во 2008. во 27 земји на ЕУ се продаваа 17 милиони нови возила годишно, додека во последната година продажбата е опадната за 3 милиони. И годинава трендот оди кон натамошно намалување.
Европската должничка криза ни одблизу не е надмината. Тоа значи црна иднина за европскиот автомобилски пазар.