1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

180112 Griechenland Armut

20 јануари 2012

Драстичното штедење од последните месеци, стопанството на стаклени нозе и парализиранот економски раст отворија длабоки рани во грчкото општество. Сиромаштијата во некои делови од општеството е значително зголемена

https://p.dw.com/p/13m2Z
Просјак со натпис „Гладен сум“ на улиците на АтинаФотографија: picture alliance / dpa

Еден видлив симптом на сиромаштијата е зголемувањето на бројот на бездомници. Податоците на грчките невладини организации, кои не се официјално потврдени говорат дека од 2009-та година наваму овој број пораснал за 25 проценти. Земеникот- министер за здравство Маркос Боларис е свесен за растечкиот проблем.

„Во последниот месец нашата листа ја проширивме со уште една категорија-нови бездомници. Тоа се граѓани кои останале без работа, кои не можеле да ги платат своите долгови и кои поради тоа завршиле на улица. Тоа е новиот профил на грчкото општество“, вели Боларис.

Armut in Athen Griechenland
Редовен бесплатен оброг во згрижувалиштата во АтинаФотографија: DW

Хотели како привремени сместувалишта

Тоа се луѓе сместени на споредните улици, она што го поседуваат го „влечат“ со себе во колички од супермаркетите, спијат во влезовите во зградите и отворите за вентилација. Православниот свештеник, отец Игнациј раководи со едно згрижувалиште за бездомници во јужниот дел на Атина.

„Повеќе немаме слободно место, а проблемот и натаму расте. Потребата е огромна а помошта е многу мала. А со оглед како државата се грижи за тоа, ќе биде се’ полошо“.

А најголем дел од она што државата во моментов го прави е во насока на исполнување на барањата на т.н „Тројка“- меѓународни кредитори. Таа најмногу работи на тоа бидејќи нема друга алтернатива со оглед дека Грција има огромни долгови, прегломазен јавен сектор и непродуктивна економија. Колку подолго кризата ќе трае, толку поголема ќе станува сиромаштијата.

„ Размислуваме за тоа хотелската бранша да ни ги отстапи хотелите кои и онака поради кризата не работат со полн капацитет. Тие би можеле да послужат како поволно сместување за бездомниците“, вели Маркос Боларис.

Отец Игнациј пак вели:

Griechenland Athen Karneval Grilldonnerstag Armut
Се’ почесто се организираат бесплатни оброци во ГрцијаФотографија: picture alliance / dpa

„Сега овде имаме многу жени и деца. Тоа е новина. Една самохрана мајка , која ја напуштил мажот сега живее тука во нашето згрижувалиште за бездомници“.

Кога ќе дојде крајот на кризата, не знае никој

А Грција мора уште да штеди. Претстојат нови масовни отпуштања од работа. Стапката на невработеност официјално изнесува 18 проценти со тенденција да расте. Заменикот- министер за здравство Маркос Боларис е оптимис по „службена должност“.

„Бездомништвото е преоден проблем, како впрочем и целата криза, која сега е во зенитот и затоа сите мораме да вложиме напори за надминување на проблемите“.

Колку долго ќе трае тој преоден период и каде конечно ќе води, не знае никој. Во моментов една петина од околу 11 милиони Грци е веќе осиромашена или пак и‘ се заканува сиромаштија.

Автор: Рајнхард Баумгартен/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска